Лишен од слобода скопјанецот кој го претепа своето 2-годишно дете,МВР му поднесе кривична

Лишен од слобода скопјанецот кој го претепа своето 2-годишно дете,МВР му поднесе кривична

Лишен од слобода скопјанецот кој го претепа своето 2-годишно дете,МВР му поднесе кривична

Коментарите се исклучени на Лишен од слобода скопјанецот кој го претепа своето 2-годишно дете,МВР му поднесе кривична
Share Button

Секторот за внатрешни работи Скопје,  до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.С. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил две кривични дела „телесни повреди во вршење семејно насилство“, казниво по член 130 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Пријавениот Ф.С. на 08.08.2018 година во семејниот дом, во алкохолизирана состојба, физички ги нападнал неговиот двегодишен син и неговата сопруга Ѓ.С. и им нанел телесни повреди. Додека неговата сопруга била на работа, Ф.С. физички го нападнал двегодишното дете, по што тоа се онесвестило. Околу 18.30 часот Ѓ.С. дошла од работа и ги затекнала своите четири малолетни деца заклучени во соба. Во моментот кога нејзиниот најстар син (9 години) ја отворил вратата, пријавениот Ф.С. физички ја нападнал Ѓ.С.. Таа успеала да избега во собата кај децата, кои и кажале дека татко им  ги тепал сите, а најмногу најмалиот брат. По кратко време, Ѓ.С. со такси возило го однела двегодишниот син во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани телесни повреди и бил задржан на лекување.

Во разговор со полициските службеници Ѓ.С. изјавила дека ова не е прв случај на семејно насилство од страна на Ф.С.. Тој и порано ги малтретирал. Со помош на Центарот за социјални работи на град Скопје останатите три деца биле згрижени во шелтер центар.

На 09.08.2018 година во 01.05 часот пријавениот Ф.С. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица

уредник

Related Posts

ПУКАЊЕ ВО ЧАИР: Предмалку вооружена престрелка во Чаир – има повредени!

Коментарите се исклучени на ПУКАЊЕ ВО ЧАИР: Предмалку вооружена престрелка во Чаир – има повредени!

Истрели од огнено оружје во Чаир, полицијата е веќе таму на увид

Коментарите се исклучени на Истрели од огнено оружје во Чаир, полицијата е веќе таму на увид

Тепачка во полициска станица му го одзел пиштолот на полицаецот

Коментарите се исклучени на Тепачка во полициска станица му го одзел пиштолот на полицаецот

Брачна двојка од Кичево ги присилувала на питачење и проституирање трите деца

Коментарите се исклучени на Брачна двојка од Кичево ги присилувала на питачење и проституирање трите деца

Create Account



Log In Your Account