ВМРО ДПМНЕ ОБВИНУВА, СДСМ СЕ БРАНИ: Фризерката на Кирацовски ги скара партиите

Жестока полемика помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се разви денес поради фризерката на пратеникот од позицијата, Александар Кирац0воски. И не се однесува на фризурата на Кирацоски.

Да се надеваме дека е подобра административка од фризерка

Како што велат од ВМРО ДПМНЕ, пратеникот на СДСМ ја вработил својата фризерка во МЕПСО каде што таа има плата од 43.000 денари. Според нив ова е само уште еден пример на непотизам ненародната хунта на власт.

Но од СДСМ враќаат уште пожестоко. Тие објаснуваат дека тоа биле практики на минатата власт, а тие прават сѐ за професионална администрација и за доброто на граѓаните. Според нив овој потег е оправдан затоа што потребно е попрофесионално да се стрижат граѓаните, а не како во време на режимот, да ги стриже кој ќе стигне.

фчерашни новости