Скопскиот градоначалник Петре Шилегов си купил викендица од 55.000 евра а има и 4 стана !

Share Button

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на почетокот од годинава купил викендица во Маврово во вредност од 55.000 евра. Објектот е со приземје и спрат, а вкупно со земјиштето е со површина од 250 метри квадратни.

За „Фокус“ тој вели дека информацијата е стара речиси шест месеци и дека е уредно пријавена во анкетниот лист.

Откако станав градоначалник ја земав, нешто после Нова година. Куќата е недопраена, треба дополнително да се прави – вели Шилегов.

Според анкетниот лист Шилегов има вкупно четири стана  во Скопје, од кои три се на неговата сопруга, а има уште една куќа во Скопје. Поседува уметнички слики од 3 милиони денари, благородни метали од 8 милиони денари, удели и акции.