МВР: Потпишани се договори за набавка на панталони, ракавици, чизми, џемпери, кошули за полицајците

Во јуни 2017 година во Министерството за внатрешни работи беше затекната состојба на сериозен недостаток на униформа и ненавремено обновување на истата на сите полициски единици. Изминатиов период беше извршена набавка на комплет униформа и истата веќе е испорачана за припадниците на ЕСЗ за урбани средини, комплет униформа за рурални средини, ремени за сите полицајци, како и комплет униформа за воздухопловниот персонал“. Ова меѓудругото попладнево преку соопштение го истакнаа од МВР по повод обвинувањата од независниот Синдикат на полицијата дека се уште немаат униформи. Од Синдикатот денеска порачаа „Ако лицето на полицијата е лицето на државата – тогаш нашето лице е изнемоштено и исплашено“.

МВР информира меѓудругото дека „потпишани се договори за набавка на зимски панталони и здолништа во вредност од 13.947.600,00 денари со ДДВ, кожни ракавици за сите припадници на полиција во вредност од 11.112.650,00 денари со ДДВ, како и наменски ракавици за сообраќајна полиција кои ќе бидат испорачани до крај на месец октомври во вредност од 552.851,80 денари со ДДВ. Постапките за набавка на високи специјални чизми со планирана вредност од 30.000.000 денари без ДДВ и џемпери за припадници на МВР со планирана вредност од 10.000.000 денари без ДДВ, моментално се во фаза на евалуација и доколку биде извршен избор ќе се склучат договори за испорака на  7.000 пара чизми и 7.000 парчиња џемпери до крајот на годината“.