Сончево и топло

Share Button

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло.

Минималната температура во земјата ќе се движи од 12 до 18 степени целзиусови, а максималната од 25 до 36 степени.

Како што соопшти УХМР, во текот на наредната работна седмица ќе има повремено зголемување на облачноста, претежно во северните делови, проследено со локален дожд,  умерен ветер и опаѓање на температурата за неколку степени.