Ве прислушувам: Градоначалникот на Демир Хисар им се заканува на вработените

Share Button

Во пресрет на референдумот кој ќе се одржи на 30ти месецов, граданочалникот на Општина Демир Хисар од СДСМ, Марјанче Стојановски им се заканува на вработените во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори и следи што прават и каде одат.

Економски Лидер стигна до ексклузивно видео од состанок на Стојановски со вработените кои се бунтувале на перманентниот притисок од негова страна и заканите кои постојано ги добиваат од општината за преместување од нивните работни места и отпуштања.

-Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму. – им вели разбеснатиот Стојановски на вработените во училиштето.

Ваквата закана на на Стојановска отвора простор за тоа дека НЕКОЈ ВО МВР незаконски ги прислушува граѓаните, по што би требало да биде отворена истрага од страна на обвинителството. Со оглед на тоа што се работи за период пред референдумот, ова може да се протолкува и како притисок, што според кривичниот закон е класифицирано како тешко кривично дело.

Марјанче Стојановски на градоначалничката позиција дојде на последните избори од редовите на СДСМ. Петходно работел во Министерството за внатрешни работи.

https://www.facebook.com/ekonomskilider/videos/554668158300952/