Демирхисарскиот градоначалник е пуштен од полициската станица

Денеска по насока на Јавно обвинителство Битола, повикан е на информативен разговор во Полициска станица од општа надлежност Демир Хисар М. С. (49), градоначалник на општина Демир Хисар, поради објавена снимка во медиумите во текот на денешниот ден.

М.С. во разговорот изјави дека снимката која се појавила на интернет е од протест во О.У. Гоце Делчев во Демир Хисар кој се случил во средината на месец јануари 2018 година. Протестот се одржал заради промена на две учителки во други подрачни училишта.

По насока на обвинителство М. С. е пуштен во 20.30 часот, а во врска со овој случај ќе се повикуваат повеќе лица на службен разговор со цел негово целосно расчистување.- известуваат од МВР