Додека Меркел дели лекции, во Германија протести со слики на убиените од азилантите!

Во Германија деновиве се одржаа маршеви во чест на загинатите, кои беа  брутално убиени  од страна на азилантите во Германија, претежно од Авганистан, Ирак и другите арапски земји, кои пак се директно заштитени од  Канцеларката Меркел која вчера беше во Македонија да демонстрира „живот„ и да изврши притисок за претстојниот Референдум.

И само што се одржаа едните протести пред некој ден повторно трагедија во Германија, Убиен Даниел Х. 22 годишното момче од Хемниц во северна Германија.

Револтот на Германците порасна до тоа ниво дотолку што во организација на нови контра протести се вклучија и екстремистите кои досега важеа за неутрализирани  и под контрола

Сепак полицијата реагираше со огромна сила и во Хемниц. и AfD и Pegida  не можеа да го одржат својот погребен марш за убиениот Даниел Х.  Поради неколку блокади на насилни левичарски екстремисти, настанот мораше да се распушти по кратко време. Според Репортерите на МЛАДИТЕ СЛОБОДИ, контра-демонстрантите се обиделе да пробијат на митингот. Полицијата, која беше засилена  со неколку единици на федерални полиција успеаја да  спречат, за да не избијат нови немири.

Од ова имајки ги информациите од терен се претпоставува дека Левите- Екстремни сили нема да застанат тука и дека се спремаат нови протести кои се со една и единствена порака дека Меркел мора да запре со мигрантската политика и дека во Германија мора повторно да завладее правото на слободно движење без страв дека ќе бидеш убиен.

Оттука легитимно е прашањето на каква безбедност мисли Меркел па и другите европски политичари, кога демонстрираат европски вредности?. И дали е тоа некој нов начин на европска вредност каде што девојките и жените, со страв ќе излегуваат на улица. Од друга страна веднаш се поставува потпрашањето која е овде улогата на НАТО на стабилност и просперитет??? Зошто во земјите на НАТО се случуваат брутални убиства на Азиланти и дали Меркел дојде со една задача да го осигура протерувањето на непослушните азилантите во Македонија??? На ова прашање доправа ќе имаме одговор…..

Извор:https://www.magazin.mk/