ПО ВИДЕО СНИМКАТА СО ЗАКАНИ: Полицијата го приведе градоначалникот на Демир Хисар

Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски е приведен во полициска станица на информативен разговор јавува МИА.

Извори од истрагата информираат дека Стојановски е во полициска станица во врска со видеото што излезе во јавност на кое тој им се заканува на вработени во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори.

Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи во текот на утрешниот ден.

Денеска на социјалните мрежи и во повеќе портали беше објавена аудио-видео снимка на која се гледа и слуша како градоначалникот Стојановски, кој доаѓа од партијата СДСМ, им се заканува на вработени во училиште дека „тој доаѓа од полицијата“ и дека ги прислушкува се што зборуваат.