Двајца загинати на патот Градско – Прилеп

Share Button

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила после полноќ на магистралниот пат Градско – Прилеп, животот го загубиле две лица.

Несреќата се случила кога патничко возило „Опел Астра“ управувано од О.И. (37) од Прилеп, загубило контрола и удрило во заштитна ограда од мост, и излетало во провалија. Возачот О.И. и сопатникот Р.М. (56) од Прилеп починале на самото место.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од полициската станица Прилеп.