Заев опкружен со телохранители на митингот за референдумот во Битола(видео)

Share Button

Ова видео од митингот на лидерот на СДСМ и премиер ЗА поддршка на референдумското прашања на 30 септември, открива дека Зоран Заев е под посебни мерки на безбедност и заштита.

Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, е под постојана безбедносна закана заради референдумот и Договорот со Грција. Тој добива бројни закани по неговиот живот и неговото семејство и тоа често на јавна сцена, на социјалните мрежи и протестите што се одржуваат.

,,Со одлуката на референдумот ја заокружуваме нашата одговорност – лична, граѓанска, политичка, пријателска. Време е да бидеме рамноправни граѓани на овој голем континент на кој припаѓаме. Затоа гласаме за европска Македонија, нашата Македонија да биде прогресивна земја со којашто сите ќе се гордееме. Да ја зграпчиме оваа шанса и да одиме напред!“-порача Заев од Битола.

извор Ако.мк