Градоначалникот на Демир Хисар бара извинување од медиумите

Share Button

Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски, се огласи по синоќешните вести низ медиумите за неговите закани на вработените во ОУ „Гоце делчев“.

„ По однос на монтираниот видео запис кој проциркулира низ повеќе интернет портали, телевизиски и радио медиуми, Ве информирам и Ве известувам за следното; Најпрво, периодот кој е снимено видеото е на 22.01.2018 година – првиот училишен ден од почетокот на второто полугодие во ООУ „Гоце Делчев“ во Демир Хисар и нема апсолутно никаква врска со упатување на закани и влијанија кон граѓаните на Демир Хисар за претстојниот Референдум 2018 година. Моето присуство во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ беше по претходно барање на група од триесетина родители кои одржуваа средба поради протест на две незадоволни наставнички од прераспоредувањето на работно место во образовната институција каде работат, што е законско право на раководното лице во училиштето. Претходно, дел од родителите ми се јавуваа и ме известуваа за тој протест и незадоволство на двете наставнички, како оделе од куќа на куќа и ги убедувале останатите кои имаа можност за лобирањето при носењето на одлуката за нивното прераспоредување.“, стои  во соопштението од градоначалникот Стојановски.

Стојановски ги информира граѓаните дека изречените зборови во видеото се однесуваат токму на тие разговори побарани од родителите, а не некакво прислушкување, уцени и закани.

Тој бара од сите пишани, електронски, аудио и видео медиуми да да се извинат за неговиот нарушен изглед, а од лицето кое го снимило видеото да се даде информација кај надлежните органи, во спротивно на ова ќе биде поднесена тужба од негова страна до надлежните институции.