Притворен осомничен со маскирна униформа од „христијанско братство“ кај кого се пронајдени оружје и фантомки

Share Button

Основното јавно обвинителство Скопје почна истрага постапка против едно лице  за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„При рутинска контрола на возило марка БМВ на 15.9. 2018 година во 15 часот, на бул. Александар Македонски во Скопје,  пронајдено е оружје, и тоа пиштол, 43 куршуми од 9 мм и 15 куршуми од 7,6 мм. Возилото го управувал осомничениот, педесет и тригодишен жител на Скопје“, извести обвинителството.

Од Обвинителството известија дека по барање на  јавен обвинител и одобрување од  надлежниот суд, извршен е претрес на домот на осомничениот каде се пронајдени парчиња опрема, маскирни униформи со лого на организацијата „христијанско братство“ , фантомки, ножеви, комплет униформа со маскирна шара, футрола за рамки за пушка, нож, двоглед и друга опрема.

Јавниот обвинител од скопското обвинителство побарал притвор за осомниченото лице, а судот го прифати предлогот и му определил притвор од 30 дена.

Извор: Макфакс