Тешка е мајчината солза, претешка по чедото кое заминало во туѓина

Бело збрчкано лице, и црна облека, се потпира бабичката на бастум. Седнува да одмори и раскажува…

Тешка е ќерко мојата судбина, зошто сум, се ме боли а најповеќе душата – вели таа а низ збрчканите бистри очи и се ронат река од солзи. И удира со бастумот кон земјата, сакајки да си олесни што ја боли душата. Таа тивко продолжи…Едното дете ми почина а другото замина во туѓина , незнам каде е, останав сама сосема сама, и плачам секој ден. Тоа помалото дете – додава бабичкта, барем да останеше , барем да знаев како е  вака керко претешко ми е.

Старата битолчанка замина тивко, замина со солзи во очите. Тешка е мајчината солза, претешка по чедото кое заминало во туѓина.