Повредена тинејџерка од Битола, откако во неа удрило товарно возило

Шеснаесетгодишна девојка од Битола била тешко повредена откако во неа удрил автомобил, вчера на пладне во Битола. По сообраќајката повредената била однесена во Клиничката болница во Битола каде што е задржана на лекување.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 13 часот, на улицата Партизанска во Битола. Автомобил „фиат панда“ што го управувала И.А.(29) од Битола, удрил во 16-годишната девојка.

Полицијата извршила увид..