Maкедонската полиција во две недели уапси 70 дилери, вчера „падна“ уште еден во Тетово

Share Button

Пиштол со четири куршуми, нож, дигитални ваги, хероин и хашиш пронашла и одзела полицијата од Ф.С.(29) од Тетово и при претрес на неговиот дом информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци тетовецот кој управувал со мотоцикл бил забележан од полицајци вчера околу 18 часот и 30 минути на булеварот „Видоја Смилевски-Бато“, што минува покрај тетовското основно училиште „Кирил и Методиј“.

– Кога полицајците се доближиле до него тој веднаш почнал да бега и го фрлил пиштолот „Брауинг“, калибар 7,65 милиметри со рамка со четири куршуми, што ги поседувал без довола. Набрзо тој бил фатен и лишен од слобода а при преглед на мотоциклот под седиштето бил пронајден и нож. Нешто подоцна бил извршен претрес во неговиот дом и помошните простории при што биле пронајдени две дигитални ваги, хероин и хашиш. Сето пронајдено и одземено ќе се вештачи по што против Ф.С., кој е задржан во Полициската станица Тетово, ќе има соодветен поднесок рече Јосифовски.

Според полициските податоци само во последните две седмици на тетовско гостиварското подарчје биле приведени околу 70 лица кои се сомничат дека учествувале во продажба или користење на најмногу марихуана но и хероин и кокаин. Лицата во најголем дел се од Тетово, Гостивар и повеќе села во регионот на возраст од 15 до 46 год. Од полицијата најавуваат дека по целосното расчистување на сите поединости за откриените лица што учествувале во продажба или користеле наркотични средства ќе следуваат поднесоци.