Запленети 13 паковки марихуана наменета за нарко пазарот во Тетово

Share Button

Двајца дилери од Струга бил уапсени откако кај нив биле запленети 13 паковки со марихуана, завчера во Струга. Дрогата била купена од Албанија и била наменета за нарко- пазарот во Тетово.

Станува збор за К.Ф. (30) и Л.Н.(32)против кој е поднесена кривична пријава за недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци. На уапсените им е одреден притвор од 30 дена.

Истрагата утврдила дека во средата на влезот за селото Корошишта кон селото Волино полицијата сопрела автомобил „голф“ во кој биле двајцата дилери.

Кога автомобилот сопрел, еден од нив излегол и почнал да бега но по кратко бил фатен. По прегледот во автомобилот била пронајдена вреќа со 13 паковки марихуана. Полицијата одзела и три мобилни телефони, две сим картички и една рамка од мобилен оператор.

Упасениот К.Ф. кажа дека марихуаната ја купил од непознато лице во Албанија и требло да ја продаде на лице во Тетово.