За пет дена откриени 121 мигрант на граничната линија кај Лојане

Share Button

Полицијата спречи илегален влез во Македонија од Србија на 121 мигрант кај граничната линија на потегот од Миратовачки пат (село Лојане) до автопатот од 18. месецов до денеска.

Од нив 112 биле од Иран, шест од Авганистан, а тројца од Индија.

Активностите се спроведени од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“.

Фото: Архива