Дејан Митров – најдобар борач пеливан во Македонија за 2018 година

Share Button

Најдобар борач пеливан за 2018 година – ова е најновата титула на познатиот штипски борач Дејан Митров.
Митров, кој во земјава се прослави по бројните балкански и европски настапи во партерно борење, веќе некое време се бави со пеливанско борење и е еден од најгласните иницијатори за враќање на пеливанската боречка традиција во Македонија.
И покрај тоа што пеливанството се смета за традиционален турски спорт, особено е популарно и кај албанската заедница во Македонија, а на Истокот овој спорт најраспространет бил некогаш меѓу турската заедница во штипско, радовишко и кочанско.
Митров годинава има 40 пеливански борби од кои само две завршија нерешено, додека преостанатите 38 ги заврши како победник.
За најдобар јуниор пеливан за 2018 година е прогласен Кадир Камбери.