Отишла во домот на својот свршеник,тој физички ја нападнал

Share Button

Со тешки телесни повреди синоќа во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ била донесена скопјанката С.П., која била физички нападната од својот свршеник С.Ф., соопшти МВР.

„Истиот ден, околу 11 часот, С.П. отишла во домот на својот свршеник по што настанала расправија и тој физички ја нападнал. Околу 18.40 часот таа со такси-возило заминала во Градската општа болница ‘Свети Наум Охридски’, каде што од страна на лекар ѝ била констатирана тешка телесна повреда и била задржана на понатамошно лекување“, се наведува во соопштението на МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.