Скандал во УФЦ: Борец обвинет за двојно силување!

УФЦ-борецот Абдул Разак Алхасан направи голем скандал, откако беше обвинет дека силувал две девојки од 20 и 22 години.

Една од девојките го пријавила 33-годишниот борец дека ги силувале неа и нејзината пријателка пред шест месеци на роденденска забава во клуб, каде што работел како обезбедуавње.

Овој борец во моментов има 10 победи и еден пораз, а последниот натпревар го имаше пред 20 дена кога со нокаут во првата рунда го победи Најк Прајс.

УФЦ засега се воздржа од коментари за целиот случај, но Алхасан е дефинитивно во големи проблеми.