Дали Фејсбук ќе го запре? Хакер најави во живо ќе го пренесува хакирањето на „Фејсбук“ страницата на Марк Закерберг

Share Button
Еден тајвански хакер објави дека во недела во живо ќе го пренесува хакирањето на „Фејсбук“ страницата на Марк Закерберг.

Чанг Чи-јуан најави бришење на профилот на Закерберг. Во неговата земја тој е познат како еден од најдобрите хакери.

Чанг Чи-јуан е „white hat“ хакер. Тоа се безбедносни хакери кои ја тестираат издржливоста на системите со тоа што ги хакираат и ги наоѓаат баговите.

Овој хакер наводно бил тужен од локален оператор на автобуси откако се инфилтрирал во нивните системи и купил билет за само еден тајвански долар.

Чанг веќе подолго време пишува за заработување со помош на хакирање.
Неговиот подвиг ќе може и да се следи во живо на неговиот профил, само ако „Фејсбук“ не го запре.