АЛО МАНГУПИ ОД ИЛИНДЕНСКА Бб ДАЛИ СЕ СЛУШАМЕ, ИМАТЕ ЛИ ПЛАН C ?

Share Button

Планот А, не ви помина… дали поради глобалното затоплување, шармантниот изглед на Тошо Мачорот и Диме Апасиев или поради нешто друго не знам, не сум до толку паметен, ама ете не ви помина. Форава да си створите конкуренција во лицето на новокомпонираниот русофил Бачев и оној со орелските нокти од Габрово исто така не пројде. Граѓаниве некако како да го изигнорираа моментот со „европскава“ Македонија.

Можеби голем дел од тие што ви кажаа фак оф се партиски војници и секташи задоени со млекото на Олимпија (мајка му на Аце наш голем маж), но не заборавајте дека во бројката на „бојкотирачите“ сè наоѓаат и луѓето, кои ете, онака безобразно ја чекаат одлуката на Апелација за тоа на М, да речеме. Можеби меѓу нив има и луѓе кои сакаат да го видат Чавков зад решетки. Чисто онака, за да осетат „европска“ правда. И бидејќи тоа не е „испорачано“ сега ви останува да се договорите со можните отпадници од ДПМНЕ. Тоа е вашиот план Б, бидејќи ви е широко околу вратот, за тие што едвај преживуваат или пак едноставно им дојде преку к… од сè што правите со тендери, вработувања, патни трошоци итн има еден друг план Б, за којшто спомна бугарскиот европратеник Ковачев, а имено вадењето бугарски пасош. Поднесуваш документи, за некоја и друга година добиваш „папири“ и дим да те њама. Овој план можеме да го наречеме план Б 2.0 (демек проширен и надграден).

Бидејќи знаете дека ќе ви биде тешко со „вмровците“ во парламент имате и план Б 2.1 (демек ептен проширен и меганадграден), а имено да се оди на избори. Свесни сте дека Математичарот има помал рејтинг дури и од локален кафанџија од Малешевијата и знаете дека изборите се закана за целата багра од белата шампита. Играте на сè или ништо (како кај Лила), па ми текна да ве прашам: Имате ли план C? План за тие на кои не им е гајле за руското влијание или за глобалното затоплување и немаат постери од Тошо Мачорот или од Александар Пандов по дома. Тие луѓе, се писмени и чекаат реална правда, чекаат ефективни судски казни за криминалот во последните 11 години. Нив како ќе ги убедите дека се борите за европска Македонија, бидејќи како што покажаа официјалните резултати од референдумот, промената на името, според нив не значи автоматски и европеизирање на нашата земја.

Автор: Батко Тане

izvor /tribuna.mk/