Спасовски ќе го чисти МВР од криминалци,ќе направи целосен ветинг на вработените

Министерство за внатрешни работи ќе направи целосен ветинг на вработените.

Во текот на тој процес ќе се види дали полициските службеници се службеници или воедно и бизнисмени или се вклучени во други криминални активности.

Тоа значи да има професионални полицајци, декриминализирана, департизирана полиција, која ќе го штити интересот на граѓаните, полицајци, кои професионално и одговорно си ја вршат својата задача.

Нашата цел е да се врати довербата на граѓаните во полицијата.- напиша на фб Оливер Спасовски

#МВРзаГраѓаните