Шверцерот градоначалник се враќа на функцијата

Share Button

Градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, кој беше фатен како шверцува цигари преку македонско – бугарската граница, ќе се врати на градоначалничката функцијата.

Стојчев треба да отслужи од казната уште 3 месеци, која Апелацискиот суд во Штип му ја намали од првостепената од 18 на шест месеци.

Со тоа на градоначалникот Стојчев му се овозможува да го исполни условот што е предвиден со член 54 од Законот за локална самоуправа, каде се вели дека мандатот му престанува ако е осуден на казна затвор над 6 месеци.

Стојчев до крајот на оваа година ќе биде ослободен и ќе продолжи да ја води општината.