Власта ги отфрли предизборните барања на ВМРО-ДПМНЕ

Share Button

Барањата  на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада со мандат од 100 дена според пржинскиот модел, за нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за референдумот се апсолутно неприфатливи-дециден е премиерот Зоран Заев кој од Охрид порача дека  наредните денови ќе ги интензивира разговорите со опозициските пратеници, но не и со нивниот лидер Христијан Мицкоски.

 

Опцијата за вонредни праламемнтарни избори останува отворена, иако според Заев не е посакувано решение.

„Се надевам дека ќе имаме можност да соопштиме дека се обезбедило мнозинство потребно од 2/3, тогаш е добро за државата, зошто Македонија нема да загуби непотребни месеци, но острануваат потворени прашањата за решавање на ситуацијата преку вонредни парламентарни изјави кои не ги посакувам.“ – изјави Зоран Заев – премиер.

Штабовите на две најголеми политички партии во земјава  вчера го запалија алармот за подготовка на изборна кампања откако  ги консолидираа своите позиции дали е можен договор за уставни измени или ќе се оди на избори. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ е за предвремени избори, но само со претходно исполнети барања.

„Да се формира во Собранието анкетна комисија составена од пратеници, комисија која ќе има задача да ги истражува и разгледува сите неправилности и нерегуларности кои се случија на денот на референдумот, барања за разрешување на актуелниот јавен обвинител предложен од власта.“ – изјави Александар Николовски- ВМРО ДПМНЕ.

Извршниот комитет на партијата вчера заклучи дека референдумот пропадна и дека Спогодбата со Грција е политички мртва.  Партискиот портпарол Наум Стоилковски денеска не одговори дали партијата ќе трча на предвремени избори   ако не бидат прифатени нивните барања. Најголемата опозициска партија вели  сака да се почитуваат уставот и законите. За да се изгласаат уставните измени според Спогодбата со Грција потребни се 80 пратеници од од 120. Владејачката коалиција има 71 пратеник.