ГДУ:За предвремени парламентарни избори, прво што треба да направиме е да се преброиме

Итно спроверувње на попис и целсоно прочистување на Избирачкиот список. Сега кога на големо

се зборува за предвремени парламентарни избори, прво што треба да направиме е да се
преброиме. Во прочистувањето на списокот, голема улога ќе има пописот. Бранко Црвенковски и
Талат Џафери не можеа да гласаат зошто ги немаше во списокот со гласачи. Ова не се само два
случаи, ги има многу повеќе.
Да, референдумот само ги зголеми сомнежите и ја намали и онака малата доверба во
Избирачкиот список. Затоа бараме од лидери пред да почнат со пазарења, да покажат политичка
воља и конечно да ја спроведеме статистичката операција, која според светските стандарди се
спроведува секои 10 години.
Македонија е единствена европска земја која нема спроведено попис во рамки на светските
стандарди. Притоа укажуваме дека мора да се најде и решение за проблемот кој со години се
провлекува и Народниот правобранител редовно укажува, а тоа е спорната методологија која се
користи при правењето на Избирачкиот список. Од него автоматски се бришат сите оние на кои им
истекува важноста на личната карта помеѓу затворањето на Избирачкиот список и денот на
спроведувањето на изборниот процес.
И мора под итно промена на изборниот модел, зошто со овој двата табори ќе си возат, а
Македонија ќе си тапка во место. Ниту едните, ниту другите можат да понудат нешто квалитетно.
Една изборна единица и отворени листи, зошто граѓаните сакаат слободно да изберат сами, а не
лидерите да избираат меѓу нив- стои во соопштението на ГДУ