Студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев” во храната пронашле игла, а за жал, ова не е прв пат да се соочуваат со мизеријата во студентските домови

За жал, оваа панцерота е само еден од многуте примери за тоа што јадат и како се хранат студентите во студентските домови.

Нашето секојдневие е игли и бубачки во храната, оброци со сомнителен квалитет, искршен мебел и влага, а топлата вода е вистинска реткост. Ова не се услови во кои студентите, а особено ние апсолвентите треба да учиме и пред се живееме. Сите лажни ветувања што ги добивавме пред почетокот на сместувањето очигледно биле само за да не прелажат и да ја искористат нашата доверба, велат студентите.

Студентите кои ни ја испратија фотографијата претходно биле сместувани во други домови, во Кузман и во Пелагонија, но како што кажуваат и претходно условите биле лоши, но тоа што го доживуваат во овој студентски дом е катастрофа и тоа на самиот старт на академската година.