Реформаторот Богојески разрешен од функцијата заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Петар Богојески бил разрешен од функцијата заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ синоќа на ИК на партијата.

Причината за разрешувањето се уште не е позната, но неофицијално е поради „непрофесионално вршење на должноста“.

Богојески на повеќе наврати во медиумите ја искажа својата поддршка за Договорот со Грција. Пред референдумот тој го повика членството да излезе и да гласа.

Богојески останува член на ВМРО-ДПМНЕ.