Секта сее страв низ Скопје, не ги имало последниве 15 години во Македонија

Share Button

По обредното убиство -парчосување на мачка над сатанистички симболи на улица во Драчево, се по сериозни стануваат индициите дека припадници на секта дејствуваат во Скопје.
Видени се сатанистички симболи низ населбата Драчево, Центар, Аеродром, Кисела Вода а Анима Мунди објави фотографии на сквернавена црква и во овој случај со пентаграм и сатанистички обележја.
Фотографиите се од 22.09.2018 – црквата е потоа окречена од страна на свештениците Отец Оливер и Отец Ивица.
Овие фотографии ги доставиле во МВР, АХВ, општина Кисела Вода и Град Скопје.

Вознемирувачките фотографии на кои се гледа преполовено маче опкружено со сатанистички пораки напишани на улица во населбата Драчево, претставува прв забележан случај на крвна жртва во Македонија. Случајот ја разбрани јавноста, но и црквата, од каде велат дека оваа морбидна случка е само продолжение на дејствувањето на организирана група, коja пред неколку дена осквернави неколку цркви во Скопје со графити со сатанистичка содржина.

Црковните претставници стравуваат дека ваквите дејствија може да ги извршува озлогласената секта Црна Ружа, која веќе 15-ина години не е забележана во земјава. Според информациите, групата е една од најопасните секти во светот и често се поврзува со голем број убиства и самоубиства на нејзините членови.

Од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“, кое и ги објави фотографиите, ги повикуваат сите кои имаат какви било сознанија за овој случај веднаш да пријават во полиција, кои известија дека преземаат мерки за расчистување на случајот, или пак да го контактираат здружението.

Не знаеме дали станува збор за организиран сатанистички ритуал во Скопје или монструозна игра на некој психопат, но што и да е во прашање сторителот мора да се фати и одговара кривично со најстрога затворска казна за изживување и убиство на животно. Повикуваме да СЕКОЈ КОЈ ИМА БИЛО КАКВИ СОЗНАНИЈА за овој случај веднаш пријави во полиција или не контактира нас и помогне во процесот на поднесување пријава, велат од Анима Мунди.

Доколку сакаме да се спречат ваквите појави, вели Отец Оливер, силно апелираме да се воведе веронауката во училиштата. Според него, овој предмет би ги одвратил оние кај кои ќе се јави желба за учество во какви било култови и ќе ги врати младите на вистинкиот пат.

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) ги осудува вандалските и садистички постапки на непознатите сторители што се изживуваа врз животно и испишаа сатанистички симболи во Драчево.

Преку соопштение од Комисијата велат дека ваквата сцена разбирливо предизвика вознемиреност кај граѓаните и апелираат сите што имаат сознанија за активност на поединци или групи, кои спротивно на законот дејствуваат и пропагираат учења што не се прифатливи за нашето општество од етички, обичаен и морален аспект, веднаш да ги споделат со нив, а сè во заштита на јавниот интерес.

 

Отец Оливер Петровски, од хуманитарната организација  на скопската православна епархија при М.П.Ц- ОА “Свети Спас” предупредува дека ,,Сѐ посериозни стануваат индициите дека припадници на секта дејствуваат во Драчево“.

Анима Мунди, која претходно информираше за ритуално раскинатото маче ставено сред испишани симболи и сатанистички пораки во населба Драчево, соопшти и за  за испишани сатанистички симболи и пораки на црква во Драчево и во овој случај со пентаграм и сатанистички симболи.
Фотографиите се доставени од граѓани и се направени на  22.09.2018 , а црквата е потоа окречена од страна на свештениците Отец Оливер и Отец Ивица.
Хуманитарната организациај  на скопската православна епархија при М.П.Ц- ОА “Свети Спас” информира дека  пред извесно време  беа осквернети неколку цркви со сатанистички графити.
,,Нашата хуманитарна организација, благодарение на братот Ивица, веднаш излезе на лице место и ги санираше осквернетите храмови. Тогаш, се надевав дека тоа е дело на деца кои воопшто и не знаат што означуваат графитите кои ги цртаат. Но… Денес во нашата населба Драчево, беше ритуално масакрирано маче… Беа испишани латински зборови со кои се велича нечестивиот и пентаграм…
За жал, веќе не мислам дека се работи за деца кои не знаат што прават. Мислам, а се надевам дека грешам, дека ова е дело на некоја група и затоа бараме од надлежните служби сериозно да го разгледаат и расчистат овој случај во најбрз можен рок.
Наши членови и волонтери денес беа на лице место и се потрудија да ги снема овие сатанистички графити и искрено се надевам дека повеќе нема да ги видиме“-вели отец Оливер Петровски.
За ова се информирани МВР, АХВ, општина Кисела Вода и Град Скопје .
Се бараат итни и темелни истраги. Жители од Драчево посочуваат дека десетици лица се собираат во напуштените гаражи во Драчево и секоја  ноќ пуштаат музика со оргули и палт огнови.

„Во контекст на тоа ја информираме јавноста дека во Република Македонија има 37 регистрирани верски групи во согласност со законот и дека тие целосно го почитуваат правниот поредок. Со години до Комисијата не е стигната поплака за појава на група што дејствува во таков контекст. Се надеваме дека и предметниот случај целосно ќе се расветли“, се наведува во соопштението на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.