Груевски по одлуката на Апелација:Народот не го изневерувам и нема да гласам за уставни измени

Share Button

Нема да ги поддржам уставните измени. Нема да го изневерам народот, народот си го кажа своето, рече екс премиерот Никола Груевски на прашање дали има шанси тој да се спаси од извршување на затворска казна ако гласа во Собранието, со оглед на тоа што се во тек разговори за двотретинско мнозинство.

Тој рече дека ќе ги искористи сите правни мерки што им се на располагање нему и на адвокатите.

Груевски го повтори тоа што го кажа на последната негова прес конференција, дека станува збор за политички процес против него и оти претседателката на апелација им давала инструкции на судиите.

– Станува збор за политички прогон политички монтиран процес. Единствено нешто што се промени од таа прес конференција е што тоа се помести за после референдумот – рече тој.