Дали сте задоволни од односот на јавните службеници кон вас?Дали се сеќавате, тајни клиенти ја оценувале работата на јавните службеници.

Одамна слушаме дека јавните службеници кои работат и се во служба на граѓаните,  биле нељубезни. Токму поради тоа уште во 2013 година се реализира проект, таен клиент.

Тајни клиенти цел месец оделе од шалтер на шалтер за да ја оценат работата на јавните службеници. Резулататите од проектот Таен клиент кој од мај до јуни бил спроведен во 9 јавни институции и подрачни служби, покажал дека најљубезни биле вработените во Централниот регистар и Катастарот, најдолго на ред се чекало на шалтерите на Фондот за пензиско и здравствено осигурување, а најлоши хигиенски услови имало во подрачните единици на управата за водење на матични книги.

И пред камера граѓаните најмногу реагираат на нељубезноста од другата страна на шалтерот и долгите редици во институциите кои бараат крајни рокови за да се заврши некоја услуга.

Менаџерите на државните институции кои покажале најлоши резултати за четири недели ќе мораат да ја реорганизираат и да ја подобрат работата во фирмите.

Иако проектот Таен клиент беше ненајваен и таен,  а тогашниот министер за информатичко општество на истите државни фирми им најавил нова тајна инспекција за 6 месеци.

Дали денес вие сте задоволни од односот кон вас како граѓанин клиент од страна на јавните службеници?