Дисциплинска за попречување новинар да известува од референдумот

AJM

Претставници на Здружението на новинари на Македонија, денеска се сретна со претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски. На средбата се разговараше за подобрување на практиката на известување за време на избори.

Претседателот Селмани истакна дека за време на референдумот медиумите известуваа слободно од процесот на гласање, со исклучок на инцидентот во Куманово, каде претседател на избирачки одбор ги спречил новинарите да сликаат на гласачко место.

Селмани рече дека ДИК не треба да има надлежност да го оценува известувањето на интернет порталите за изборна кампања. Заеднички беше констатирано дека тие одредби од Изборниот законик се неспроведливи.

Претседателот на ДИК Дерковски вети дека Комисијата ќе покрене дисциплинска одговорност против лицето што попречувал новинар да известува од избирачко место во Куманово.

Двете страни изразија подготвеност да соработуваат за едукација на новинарите и членовите на изборните тела во врска со правата и обврските на медиумите за време на избори.

AJM, Skopje, 05/10/2018