Полицијата во Битола уапсила педофил, информираше МВР.

Станува збор за П.П.(49) од Битола. Против него тогаш беше поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.

Полицијата  , по наредба од судија за претходна постапка при Основен суд Битола, извршила претрес во домот на пријавениот. При тоа бил пронајден и одземен компакт диск со детска порнографија.

Од МВР  тогаш немаше детали за тоа како бил откриен педофилот, ниту дали бил дел од поголема педофилска мрежа.Ова лице не е евидентирано до овој момент во регистарот на педофили