Четврток неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

Share Button

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2018 година (четврток), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ се празнува на 11 октомври во Македонија.

Востанието било против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

Во Прилеп секоја вечер спроти празникот се одржува традиционалниот импровизиран напад на градот како потсетување на историските настани од предвечерјето на 11 октомври 1941 година.