65 годишник, пресретнал дете во Скопје и извршил полов напад

Share Button

Вчера околу 19:30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Н.Т. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 08.00 часот во наслебата Ѓорче Петров неговото малолетно дете било пресретнато од непознато лице на возраст од околу 60-65 години, информираат од МВР.

Според пријавеното НН лицето извршило полов напад врз детето. За настанот бил известен јавен обвинител, велат од полицијата.

Се преземаат мерки и активности за расчистување на настанот.