МВР:Сузбиена уште една криминална група!Од слобода се лишени 13 лица меѓу нив и битолчанец(видео)

Share Button

Уште една голема акција на полицијата во која овој пат „падна“ криминална група што вршела кривични дела против културното наследство и природните реткости. Акцијата се случила во текот на вчерашниот ден (05.10.2018) кога Оддлот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција спроведе координирана акција за повеќечлена криминална група составена од лица од Скопје, Велес, Струмица, Радовиш, Тетово, Струга и Битола.

-Криминалистичката истрага се спроведуваше една година од страна на ОСОСК – Единицата за сериозен криминал, при Секторот за криминалистички истраги, а вчера се извршени претреси на вкупно 16 локации, при што од слобода се лишени 13 лица и од нив привремено се одземени голем број на артефакти: монети, полускапоцени и скапоцени камења, стар накит, скулптури, керамички и бронзени предмети, метални шипки, мапи, метал детектори, скици, тефтери, нотеси, мобилни телефони, рамка за пиштол и куршуми и сл.- рече портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

На 05.10.2018 година, поднесена е кривична пријава против вкупно 14 лица: Р. П. (46) од с.Лисиче,Велес, А. Б. (70) од Струмица, И. Д. (51) од с.Делогожди -Струга, Ж. Р. (65) од Скопје, В. М. (60) од Скопје, К. А. (49) од Тетово, Д. М. (37) од с.Раклиш, Радовиш, С. А. (28) од с.Ињево, Радовиш, Ј. М. (72) од Струмица, З. Ј. (66) од Битола, А. Б. (74) од Струмица, О. Р. (57) од Скопје, Т. Ј.  (47) од Велес, Б. Д. (45) од Велес, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ по член 394 ст.1, „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по чл.265, „изнесување односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по чл.266  и „прикривање“ по чл.261 ст.3 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

По лишувањето од слобода И.Д., Ј.М., Б.Д., В.М., А.Б., Р.П., Ж.Р., и А.Б. се задржани во полициска станица до нивно изведување пред Судија на претходна постапка, а О.Р., Т.Ј., К.А., З.Ј. и Д.М: по извршен службен разговор се пуштени, информираа од МВР.