Мицкоски до Заев:Откажи се од Преспанскиот договор и ќе одиме на избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција се обрати до македонската јавност истакнувајќи ги уште еднаш своите ставови и предлози кои опозициската партија ги нуди за излез, како што кажа Мицкоски, од оваа политичка криза. Мицкоски понуди откажување на Заев од договорот од Преспа и распишување на избори согласно сите закони, создавање на инситуција после изборите која ќе ги испита сите криминали на Владата и на референдумското изјаснување.

„Оваа Влада наместо да испорача подобри времиња, го испорача со кампања дека следува процес на решавање на името. Со таков превез дека ќе направи голем исчекор, владеачката партија си создаде алиби за сите неуспеси, станувајќи Влада за едно прашање. Сведоци сме дека референдумот доживеа дебакл. Граѓаните ја искажаа својата волја, а зад таа волја стоиме и ние од ВМРО-ДПМНЕ. И покрај нерегуларностите околу референдумот, јасно беше упатена порака дека не се за договорот, и за нас тој е мртов.

За да се излезе од оваа криза, постојат две опции: Првата веќе ја кажав, а тоа се избори, кои Зоран Заев ги најави,  а за да се случат мора да има технички пржинска Влада, за да се создаде атмосфера на фер изборен процес, кој во овој момент ја немаме. Јавно обвинителство по предлог на опозицијата како и собраниска комисија за разгледување на сите нерегуларности од референдумот.

Сега нудам и втора опција. Пред да ја кажам да кажам дека власта непренципелно ме обвинува дека сум преговарал за некоја општа амнестија, што не е виситна. Втората опција која ја нудам е Заев веднаш да се откаже од договорот, па ајде да одиме на избори и народото да одлучи. После завршувањето на мандатот на политилизираното Јавно обвинителство, формиње на обвинителска институција која ќе го испита целиот криминал и сите сомнежи околу референдумското изјаснување. Со тоа ќе ставиме крај на сомнежите еднаш засекогаш и ќе го осудиме криминалот. Еве шанса Владата да докаже дека нема никаков криминал“, рече Мицкоски на денешната прес-конференција