На автопатот Градско – Велес се судриле битолски „Сеат Леон“ и скопски „Мерцедес А 200“

Share Button

На 06.10.2018 година околу 18,45 часот на делницата од автопатот Градско – Велес, после наплатна рампа се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сеат Леон“ управувано од М.Б.(25) од Битола и патничко моторно возило „Мерцедес А 200“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(56) од Скопје. Во незгодата  со повреди се здобиле сопатниците на двете возила, С.Б.(53) од Битола и В.С.(29) од Скопје по што со возило на Итна медицинска помош  се пренесени во Општа болница Велес, каде им е укажана лекарска помош. Од страна на доктор кај С.Б. се констатирани тешки телесни повреди и истата е префрлена во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.