Хабиб со прва изјава по триумфот и инцидентот во Лас Вегас

Share Button

Хабиб Нурмагомедов ја доби УФЦ борбата со Конор Мекгрегор во Лас Вегас, но веднаш потоа предизвика голем инцидент поради кој настана хаос во салата и пресметка меѓу двата табора.

Откако заработи многу критики за својот потег, Русинот излезе пред новинарите и ја објасни својата постапка, испраќајќи извинување до организаторите и фановите.

 

– Најпрвин сакам да и се извинам на атлетската комисија, Лас Вегас и Невада, тоа не беше мојата најдобра страна. Тој ја навредуваше мојата религија, мојата земја и зборуваше за мојот татко. Тие дојдоа во Бруклин и го нападнаа нашиот автобус, можеше некој да загине, зошто сега сите зборуваат за моето прескокнување на октагонот?

– Овој спорт треба да носи почитување, а не навредувачки коментари. Сакам да го менувам, не сакам ривалите да зборуваат секакви глупости на сметка на противниците, не може некој да навредува за религија, семејство или друго, – изјавил Хабиб кој пред себе го имал и појасот кој не го доби во октагонот поради инцидентот.