Битола блокирана, Наташа Петровска со кривична одговорност

Share Button

Битола денеска блокирана, учениците без превоз, а граѓаните без градски автобуски превоз. Наместо по улиците, автобусите денеска паркирани пред општина Битола. Битолските превозници незадоволни од најавената Одлука за начинот на организирање на бесплатниот превоз на ученици во општинските основни и средни училишта со општинскиот линиски превоз на патници и донесувањето на тарифа за измена и дополнување на Тарифата за општинскиот линиски превоз беа присутни и на седницата на Советот, при тоа останувајќи цврсто на своите ставови дека под тие услови кои им ги наметнува градоначалничката нема да продолжат да ги возат учениците, но и граѓаните на општина Битола со линискиот превоз.

Повлекувањето на одлуките не значи решавање, туку само одлагање на проблемот со бесплатниот ученички превоз, оценуваат советниците од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. Овој проблем заради неспособноста на Наташа Петровска веќе долго време постои, за што мината учебна година 2017/18 Петровска и уште две директорки на средни училишта добија кривични пријави, а сега опозицијата повикува, по допрен глас кривична одговорност да понесат и Наташа Петровска и сите директори на училиштата каде не е организиран превозот на учениците.

И уште, советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, напоменуваат дека фактите се очигледни за кривична одговорност – ученици без превоз, оштетени родители, што значи директно прекршување на Законот за локална самоуправа од страна на Наташа Петровска и законите за средно и основно образование. На потег се надлежните институции, а за жал Битола останува со колабиран превоз и колабиран воспитно-образовен процес. Време е, Наташа Петровска вистински, овој пат, да си поднесе оставка, бараат советниците од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата во Битолскиот совет.