Хабиб Нурмагомедов имал тешко детство, се борел со сиромаштија

Share Button

 

Хабиб Нурмагомедов е роден и израснат во екстремно тешки и сурови услови, во смисла на географски и политички опкружувања. Роден е во студените планини на Дагестан, место во близина на Русија, жртва на тероризам и сиромаштија. Неговиот татко е самбо шампион, искусен во боречки вештини и личен тренер на Хабиб.

Хабиб нема постигано успеси само во октагонот на UFC, туку и надвор од него. Тој двапати има освоено злато на самбо натпревар. Двапати освоил злато на Руското национално првенство во самбо. Има освоено два натпревари во Северна Америка, победник е и на други шампионати.

Ноќта на UFC 219 во 2017 година не беше само момент што ќе ја дефинира неговата кариера туку и неговиот личен живот. Тој го порази Барбоза и истата ноќ стана татко, неколку часа по мечот.

Не само што ја има добиено секоја борба туку и никогаш нема изгубено рунда. Токму ова го разликува од другите борци. Тој не дозволува ништо да го запре.

Хабиб е национален херој во овој спорт за рускиот народ и каде и да оди Русите го поддржуваат.

Едсон Барбоза на UFC 219 и Рафаел Дос Ањос се двете значајни имиња на листата противници на Хабиб, а кои можат да се наречат тешки противници. Конор Мекгрегор е далеку над овие две имиња, тој има уникатен стил на борба.

Хабиб го сака овој спорт и тоа се гледа и надвор од рингот. Малкумина знаат дека две години беше отсутен од UFC, од април 2014 до април 2016. Толку му беше потребно за да закрепне од повредите здобиени на тренинзи. Имал периоди и кога сакал да се откаже, но неговиот татко е причината за враќање во октагонот.