МекГрегор сака реванш против Нурмагомедов

Претседателот на UFC, Дејна Вајт изјави дека веќе бил исконтактиран од Конор МекГрегор, кој сака експресен реванш против Хабиб Нурмагомедов.

Ирскиот MMA борач се огласи по мечот што мораше да го предаде во четвртата рунда. После неколку  часа по поразот тој му порача на Хабиб дека едвај чека реванш. Хаосот што настана по поразот треба да добие разрешница.

„Нурмагомедов првин мора да оди пред Спортската комисија во Невада и ќе видиме што ќе се случи со него и целиот неред. Меѓутоа, Конор веќе ми се јави и сака реванш, вели Вајт. „Тоа го бараше Конор, но ќе видиме што ќе се случи со Хабиб и што ќе биде следно. Тони Фергусон изгледа неверојатно. Тие требаше да се сретнат трипати досега, но тоа никогаш не се случи, ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, додаде Дејна Вајт.

Претходно, неколку членови од тимот на Нурмагомедов беа уапсени, но набргу беа пуштени бидејќи МекГрегор одби да ги тужи.