Фото: Битола се разбуди со коњи и крави низ градот

Share Button

Утринава на социјалните мрежи беа објавени фотографии од домашни животни кои шетаат низ Битола и се хранат по контејнери или тренвници околку зградите. Како дошле животните до сред град и зошто никој не интервенира да ги згрижи соодветно нема одговор. Чии се кравите и коњите исто така се уште не е познато. Се очекува градот брзо да реагира, да ги отстрани и да ги најде сопствениците но и да појасни како можело да дојдат во град и да бидат оставени сами на јавни градски површини.