Еве кој најмногу го навредуваше Хабиб, но си доби неколку удари за навредите

Share Button

Се уште во центарот на вниманието се случувањата во Лас Вегас поконкретно по мечот помегу Конор и Хабиб

Дилон Дејнис е еден од тренерите на Конор Мекгрегор, а токму поради него Нурмагомедов го прескокна кафезот и влета во публика да се пресмета физички.

Хабиб во неделата во Лас Вегас го победи Мекгрегор и ја одбрани титулата во лесна категорија во УФЦ. Сепак, овој меч го одбележа скандал откако Дагестанецот го прескокна кафезот и тргна физички да се пресмета со екипата на ирскиот борец која жестоко го навредуваше сите овие месеци.

На негова мета особено се најде џиу џицу тренерот Дилон Дејнис кој Хабиб најмногу го навредуваше на верска основа. Хабиб по мечот го прескокна кафезот и се фрли на Дилон, па му зададе и неколку удари. Сепак, обезбедувањето брзо реагираше и спречи поголем инцидент.

Но, УФЦ борецот Брајан Ортега таа ноќ бил во шок кога го видел Дилон во еден ноќен клуб во Лас Вегас. Ортега изјави дека најмногу бил шокиран што тој бил сам и што сигурно ќе си поминел многу лошо ако случајно налетал на Хабиб и членовите на неговиот тим кои вечерта биле присутни во клубот.

„Го видов во клубот и беше сосема сам. Му пријдов и го прашав дали е нормален и зошто е сам. Се обиде со качулка да се сокрие, но сите го препознаа. Тоа е навистина луд и храбар потег бидејќи многу лесно можеше да дојде до конфликт ако налеташе на некој од екипата на Хабиб. Таа ноќ речиси сите УФЦ борци беа тука. Малку ми зборуваше за тоа што се случувало по мечот и ја видов модрицата на неговото лице, а окото му беше отечено. Го убедив да се врати во хотелот бидејќи не сакав некој да не нападне“, изјави Ортега.