Сообраќајна несреќа меѓу полициско возило и мотор во Битола

Share Button

Едно лице се здобило со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 10.55 часот на крстосницата од улиците „21-ва“ и „Васко Карангелески“ во Битола.

Како што информираат од МВР, несреќата се случила меѓу автомобил „Опел Астра“ со битолски регистaрски ознаки, сопственост на МВР на РМ, управувано од С.М.(47) и мотоцикл „Трува“ со битолски регистарски ознаки, управуван од П.Т.(57) од Битола.

-Во незгодата П.Т. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

фото илустрација