Уапсени две лица на скопскиот аеродром

Share Button

Во две поединечни контроли на македонската полиција на граничниот премин Аеродром Скопје, во текот на минатите два дена биле приведени две лица.

Вчера во 13.40 часот на Граничен премин Аеродром Скопје како депортирано лице од Швајцарија пристигнал 36-годишниот В.Ш. од село Камењане, тетовско. При пропроверка било констатирано дека лицето се наоѓа на листата со мерка “А” (апси) за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија. Во 16.50 часот лицето било предадено на полициски службеници од СВР Скопје  за спроведување до Казнено-поправната установа – Затвор Тетово.

Истиот ден во 01.00 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека 30-годишниот  Ј.С. од Скопје се наоѓа на листата со мерка „А” (апси) за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија. Лицето било лишено  од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба за спровод до Казнено-поправната установа Идризово.