Јосифовски: Петровска остави над 400 ученици без превоз

“Неработењето на оваа локална самоуправа почна да се рефлектира врз нас младите, аномалиите на слабата работа на оваа локална власт лошо се одразија и во училиштата, а нормалниот тек на образованието е од голема важност за нас Младите во Битола. Имаме информации дека над четиристотини ученици останаа без превоз и дека родителите се приморани да издвојуваат од домашниот буџет за да го платат превозот, а за учениците кои отсуствуваат од часовите поради необезбедениот превоз се прави притисок врз професорите да не ги запишуваат за отсутни, со цел да не се прикажи реалната слика на лошото работење на оваа локална самоуправа.”- изјави Марко Јосифовски.-Претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ Битола

400 ученици оставени без превоз

Над 400 ученици останаа без стандардниот училишен превоз кој треба да им е обезбеден од Општината, длабоко нарушувајќи го процесот на наставата во училиштата.Претседателот на Унијата на млади сили – Битола, Марко Јосифовски, денес ги истакна проблемите со кои се соочуваат учениците погодени од деструктивниот фактор на (не)работењето на оваа локална администрација.

Публикувахте от УМС ВМРО ДПМНЕ Битола в Сряда, 10 октомври 2018 г.