Нинџуцу клуб Битола во соработка со VT Diet Битола организира прво бесплатно предавање за здравата исхрана

Нинџуцу клуб Битола во соработка со VT Diet Битола организира прво бесплатно предавање од областа на здравата исхрана, здравиот начин на живот и квантната медицина и нутриција. Имајќи во предвид дека Нутрицијата е еден од неколкуте битни фактори за подобри спортски перформанси и општо земено фактор за поквалитетен живот овозможуваме за сите наши членови, фанови и подржувачи на клубот низа бесплатни предавања кои ќе овозможат да се запознаете со здравиот начин на исхрана, што се треба да се конзумира за да постигнеме подобар имуно систем кој ќе овозможи поголеми спортски достигнувања, ќе се запознаете со која се технологија и опрема постои за подобрување на животниот life style преку подобрување на исхраната и многу други корисни инфо. дирекно од стручно лице, експерт во својата професија.

Предавањето ќе се одржи на 15.10.2018 во понеделник од 18 30ч.во градската библиотека во Битола.

Предавањето ќе го води Таневски Влатко дипломиран лекар натуропат и нутриционистички советник.

Секој е добредојден што сака да научи нешто повеќе за здравата исхрана, да се советува и дознае каде се може да пронајде свој нутриционист кој на професионален начин ќе се погриже за изработка на програма на исхрана и уште мн. друго. Влезот е бесплатен.