Хабиб доби на подарок нов автомобил од чеченскиот претседател

Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров го примил UFC борецот Кабиб Нурмагомедов, откако овој Дагестанец го одбранил шампионскиот појас во лесна категорија.

Кабиб вечерта саботата кон неделата го поразил Конор МекГрегор откако Ирецот во четвртата рунда му ја предал борбата, а во вторникот му бил приреден дочек во Дагестан, каде бил поздравен од голем број домашни навивачи.

Во средата рускиот борец бил на прием кај претседателот на Русија, Владимир Путин, а во четвртокот прием му организирал и чеченскиот претседател Рамзан Кадиров.

“Здрав животен стил, упорност во остварување на целта, неограничен труд и почитување на Куранот. Кабиб служи како пример на милиони млади луѓе, тој прави многу за единството на Уметот”, напишал Кадиров на социјалните мрежи.

Чеченскиот претседател им врачил одликување на Кабиб и неговиот татко.

Рамзан Кадиров исто така шампионот му подарил нов автомобил, односно нов “Mercedes S-Class”.